„За заедничка Македонија“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за изборот на Џафери
Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива вели дека секој мора да ги почитува процедурите во оваа држава, дека не може мнозинството во Собранието да прави што сака.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поднесе претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива вели дека секој мора да ги почитува процедурите во оваа држава, дека не може мнозинството во Собранието да прави што сака.
Ова е почеток, имаме други истанци до кои ќе се обратиме и во случај доколку Уставниот суд во конкретниот случај се прогласи за ненадлежен. Подготвуваме и една голема тужба, против многу чинители од последните три години која ќе опфати многу материјал, а покрај врвни правници со кои располагаме ќе се вклучат социолози, психолози, филозофи, историчари. Правната битка мора да ја водиме, бидејќи ние не бараме ништо вон правото и правниот систем, додава Илиевски.
