Едно лице загина при налет на торнадо во Оклахома
17.05.2017 12:38
Околу 40 куќи се уништени, а 75 се оштетени само во Елк Сити, град со 12.000 жители.

Најмалку едно лице загина, а над сто куќи се уништени или оштетени при налет на торнадо во американската сојузна држава Оклахома.
Околу 40 куќи се уништени, а 75 се оштетени само во Елк Сити, град со 12.000 жители. Во градот се затворени училиштата.
