Упад во зграда на Авганистанската државна телевизија

17.05.2017 12:41

Во зградата на РТА упаднале четворица напаѓачи, од кои двајца се разнеле, повредувајќи 14 лица. Според портпаролот на владата, останатите двајца се уште пружаат отпор.

Група вооружани напаѓачи упаднале во зградата на Авганистанската државна телевизија рта во градот Џалалабад во источниот дел на земјата. Според информациите, при инцидентот напаѓачите се судриле со припадници на обезбедувањето на зградата.

Во зградата на РТА упаднале четворица напаѓачи, од кои двајца се разнеле, повредувајќи 14 лица. Според портпаролот на владата, останатите двајца се уште пружаат отпор.

Напаѓачите се саморазнеле активирајќи ги експлозивите што ги носеле на себе. Еден снимател на РТА изјави дека успеал да побегне од зградата кога слушнал истрели, додека негови колеги останеле заробени во зградата. 

Според медиумите, во зградата има заробени новинари, а се слушале и експлозии и пукање.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот во провинцијата Нангархар, каде што се активни борците на групата Исламска држава. 

САД минатиот месец врз таа провинција ја фрлија најголемата бомба што ја имаат во својот арсенал, позната како „Мајка на сите бомби“ при што загинаа десетици експтремисти.

Марина Автовска