Талат Џафери на распит за собраниските настани
17.05.2017 13:07
Според најавите од обвинителството на распит се повикани и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Џафери во Јавното обвинителство дава исказ за собраниските настани од 27-ми април. Тој од парламентарното мнозинство беше избран за нов спикер, а потоа следуваше и упадот на граѓаните во Законодавниот дом.
Според најавите од обвинителството на распит се повикани и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Деновиве искази како оштетени дадоа неколку пратеници од СДСМ. Според нив, во Собранието бил извршен обид за убиство и од обвинителството побараа прекфалификација на делото учество во толпа.
Утре почнува судското рошиште против деветмина обвинети за случувањата во Собранието.
