Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани
17.05.2017 13:31
24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека среда, 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Денот на сесловенските просветители е прогласен за неработен согласно Законот за празниците.
