Австрија забрани дистрибуција на Куран и носење на облека која го прекрива лицето
17.05.2017 14:04
Паричната казна за непочитување на одредбата изнесува 150 евра. Одлуките се дел од интеграцискиот закон во Австрија која во октомври ќе има предвремени парламентарни избори.

Австрискиот парламент изгласа закон за забрана на носење облека во јавноста што целосно го покрива лицето и за дистрибуција на Куранот.
Паричната казна за непочитување на одредбата изнесува 150 евра. Одлуките се дел од интеграцискиот закон во Австрија која во октомври ќе има предвремени парламентарни избори.
Мигрантите се обврзани една година да учат етика и германски јазик, а се очекува и да се вклучат во волонтерската работа за јавното добро за да добијат азил.
