Атина: Демонстрантите со молотови коктели, полицијата со солзавец
17.05.2017 14:29
Генералниот штрајк го организираат синдикатите поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите.

Грчката полиција се судри со демонстрантите кои фрлаа молотови коктели во центарот на Атина за време на протестот во рамките на генералниот штрајк во Грција.
Генералниот штрајк го организираат синдикатите поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите.
Пратениците треба да гласаат за предлог-законот утре вечер.
Атина се согласи да врати долг од 3,6 милијарди евра кои ќе ги обезбеди со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор и со зголемување на даноците.
