ИД ја нападна Авганистанската државна телевизија
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека четворицата напаѓачи биле убиени во текот на нападот кој почнал со екплозија, и продолжил со судири со авганистанските сили за безбедност.

Најмалку десет луѓе загинале, а 18 се повредени во напад на зградата на Авганистанската државна телевизија и радио станица во Џалалабад. Меѓу загинатите се и четворица вработени во телевизијата и двајца полицајци.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека четворицата напаѓачи биле убиени во текот на нападот кој почнал со екплозија, и продолжил со судири со авганистанските сили за безбедност.
Вооружените напаѓачи влегле во зградата на телевизијата, а при судирот со обезбедувањето двајца од нив се саморазнеле.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, а агенцијата Амак, инаку блиска со екстремистите објави дека припадници на ИД се наоѓале во зградата на телевизијата.
САД минатиот месец врз таа провинција ја фрлија најголемата бомба што ја имаат во својот арсенал, позната како „Мајка на сите бомби“ при што загинаа десетици експтремисти.
Џалалабад е престолнина на провинцијата Нангархар. Во таа област, во близина на границата со Пакистан се наоѓа упориште на терористичката организација Исламска држава, но има и голем број Талибани, кои кон крајот на минатиот месец објавија дека почнале „пролетна офанзива“ заканувајќи се дека ќе ги напаѓаат коалициските и авганистанските безбедносни сили.
Оперцијата била наречена „Мансури“ по поранешниот лидер на таа група, кој беше убиен минатата година во напад со американско беспилотно летало.
Марина Автовска
