СЈО остана на барањето за притвор за Кочан
Специјалното јавно обвинителство останува на барањето за притвор за Сеат Кочан. Неговата одбрана тврди дека е сериозно болен...

По неколкучасовно соочување на аргументите и доказите специјалните обвинители и бранителот на осомничениот Сеад Кочан излегоа од Кривичниот суд. Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека рочиштето кај судијата на претходна постапка се одржало без присуство на Кочан, поради тоа што неговиот адвокатот приложил документација дека тој е болен.
Одбраната на Кочан го тврдеше спротивното, дека тој се наоѓа во сериозна здравствена состојба и дека сите органи кои постапуваат во кривичните постапки се должни да водат грижа за правото на живот и на здравје на човекот.
Тој додаде дека сложената здравствена состојба е причината што бизнисменот бил повеќе од два месеца надвор од државата. И не се вратил.
Специјалниот обвинител посочи дека за судот не е спорно дека постои основано сомнение, туку само да донесе одлука дали треба да му биде определена мерка притвор.
Фиљана Кока
