Можно е Трамп да ги повлече САД од НАТО, доколку сојузниците не ги зголемат придонесите

18.05.2017 10:24

Трамп на 25 мај ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел...

Претседателот на САД, Доналд Трамп е задоволен бидејќи сојузниците се обврзаа дека ќе ја зголемат финансиската помош, но не ја исклучува можноста да ги повлече САД од Алијансата, доколку тие ветувања не бидат исполнети.

Трамп на 25 мај ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел на кој се очекува да продолжи да врши притисок врз сојузниците да ги зголемат расходите за одбрана.