Почнува судењето за собраниските настани

18.05.2017 10:05

Закажано е рочиште на кое треба да се појават деветмина од осомничените за настаните во македонското Собрание што се случија на 27-ми април. Се товарат за делото учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

Во скопскиот Кривичен суд закажано рочиште на кое треба да се појават деветмина од осомничените за настаните во македонското Собрание што се случија на 27-ми април. Се товарат за делото учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

За собраниските настани се осомничени 30-тина лица од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца, кои се во притвор- за обид за убиство.

Роднини, пријатели и поддржувачи на приведените лица пред основниот суд протестираат за нивна поддршка.