Одложено првото рочиште за насилствата во Собранието

18.05.2017 11:22

Судењето се одложи за 23-ти мај, поради неприсуство на еден од обвинетите, кој требаше да биде донесен од домашен притвор.

Во скопскиот Кривичен суд, одложено првото рочиште за деветмината обвинети за настаните во Собранието. Судењето се одложи за 23-ти мај, поради неприсуство на еден од обвинетите, кој требаше да биде донесен од домашен притвор. Тие се товарат за делото, учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

За собраниските настани се осомничени 30-тина лица, од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца се во притвор за обид за убиство.

Роднини, пријатели и поддржувачи на приведените лица пред Основниот суд протестираа за нивна поддршка.