Грчкиот Парламент ќе гласа нови мерки додека во земјата се одржуваат протести
Во земјата заврши 24-часовниот штрајк на синдикатите против новиот пакет за штедење. Протест е најавен и за време на самото гласање.

Во грчкиот Парламент привршуваат дебатите за нацрт-законот за воведување нови економски мерки, кој доцна вечерва ќе биде ставен на гласање. Во земјата заврши 24-часовниот штрајк на синдикатите против новиот пакет за штедење. Протест е најавен и за време на самото гласање.
Дебатите за нацрт-законот се одвиваат без учество на парламентарната група на неонацистичката партија Златна зора.
Опозициските партии сметаат дека мерките договорени од Владата ја обрзуваат земјата на нов, четврти по ред меморандум и најавија дека ќе ги отфрлат. Но, гласовите на владината коалиција се доволни за да може нацрт-законот за биде усвоен.
