Повторно продолжена вонредната состојба во Венецуела

18.05.2017 12:36

Повторно е продолжена вонредната состојба која му овозможува ограничување на уставните гаранции и преземање на посебни мерки во економискиот, политичкиот и судскиот систем во земјата.

По кражбите и нападите на протестите во Тахира, претседателот на Венецуела Николас Мадуро испрати 2.600 војници.

Повторно е продолжена вонредната состојба која му овозможува ограничување на уставните гаранции и преземање на посебни мерки во економискиот, политичкиот и судскиот систем во земјата.

„Сакаме слобода, фер избори, ослободување на политичките затвореници. Сакаме да имаме лекови, храна и живот во Венецуела, а не да си одиме“, велат демонстрантите.

Демонстрантите бараат оставка од Мадуро кој, според нив, ја предизивкал најголемата финансиска криза.