Почна исплатата на субвенциите за земјоделците
Исплатени се 463 милиони денари субвенции. Целосно се подмирени обврските за субвенциите заклучно со 2015-та година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој.

Министерството за финасии почна со исплата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавувањето на одлуката на Уставен суд во Службен весник, со која ги отстранува законските пречки за исплата, соопштуваат од кабинетот на министерот.
Исплатени се 463 милиони денари субвенции. Целосно се подмирени обврските за субвенциите заклучно со 2015-та година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој.
Информирааат дека во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016-та година за млеко и оризова арпа.
Министерството за финансии, остана доследно на спроведувањето на законската регулатива и покрај многубројните шпекулации во изминатиов период, се посочува во соопштението.
