Хојт Ји го поздрави доделувањето на мандатот

18.05.2017 12:58

Ји ги отфрли обвинувањата на конгресменот, Дејна Рорабахер, дека американската дипломатија се мешала во внатрешните политички работи на Македонија за да доведе до формирање на влада предводена од СДСМ...

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји пред американскиот Конгрес ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го именува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за мандатар.

Ји ги отфрли обвинувањата на конгресменот, Дејна Рорабахер, дека американската дипломатија се мешала во внатрешните политички работи на Македонија за да доведе до формирање на влада предводена од СДСМ, и потврди дека досега немал директна комуникација со државниот секретар Рекс Тилерсон во утврдувањето на политиката кон Балканот.

Ние, заедно со нашите европски партнери навистина силно го поттикнувавме претседателот да ги почитува Уставот и европските демократски норми, и да го додели мандатот за состав на владата на мнозинството во Собранието- изјави Ји во дискусијата со конгресмените.