Сеад Кочан не оди во притвор
Имајќи ја пред сѐ во вид здравствената состојба на осомничениот, определена му е гаранција во износ од 875 илјади евра во движен и недвижен имот и мерка на претпазливост, односно одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавува судот, стои во соопштението.

Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“.
Имајќи ја пред сѐ во вид здравствената состојба на осомничениот, определена му е гаранција во износ од 875 илјади евра во движен и недвижен имот и мерка на претпазливост, односно одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавува судот, стои во соопштението.
Против решението да нема притвор, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа, а рок од три дена во однос на определната гаранција и мерките, информираат од скопскиот Кривичен суд.
Од Специјалното јавно обвинителство најавуваат дека по добивањето на решението, ќе поднесат жалба во законскиот рок.
