СДСМ со иницијатива до Собранието за укинување на екстерното тестирање

18.05.2017 14:49

Како што рече Стефан Богоев, ќе се мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

СДСМ денеска до Собранието ќе ги достави предлог- измените во Законот за образование, за укинување на екстерното тестирање. Како што рече Стефан Богоев, ќе се мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

„Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование. Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање  што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците“, изјави Богоев.

Нагласи дека сакаат да ги заштитат учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад.