Донација: Опрема и возила од ЕУ за АХВ

18.05.2017 15:34

Двојно зголемување на ефективноста и на ефикасноста во работењето на Агенцијата за храна и ветеринство, очекува директорот Поповски со донацијата од Европската унија во опрема и возила, во вредност од околу еден милион евра. Набавени се 42 возила, едно теренско, компјутери, опрема за заштита на инспекторите и контрола на храната.

Двојно зголемување на ефективноста и на ефикасноста во работењето на Агернцијата за храна и ветеринство- очекува директорот Поповски. Според него, тоа ќе го овозможи донацијата од Европската унија во опрема и возила, во вредност од околу еден милион евра. Набавени се 42 возила, едно теренско, компјутери, опрема за заштита на инспекторите и контрола на храната.

„Очекувам двојно поголема ефикасност во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство и на нејзините инспекциски служби во секој домен. Дали се работи за здравствената заштита, безбедноста на храната, ветеринарното јавно здравство. Работењето на Агенцијата е во рамките на европските стандарди, но со ова очекувам дека уште повеќе ќе се доближиме во секој сегмент“, изјави Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Заштитата на здравјето на луѓето, на животните и на растенијата се приоритет на Европската унија- вели Никола Бертолини кој е дел од делегацијата на ЕУ во земјава. Во последните 15 години, македонија од ЕУ доби поддршка од 30 милиони евра, која според Бертолини ќе продолжи и во иднина.

„Безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика претставуваат клучни елементи за заштита на здравјето на луѓето. Поддршката сите овие години која што ја даваме не се однесува само за набавка на опрема и на возила, многу се залагавме и во градењто на капацитетите и градење на мрежа која што ќе ги зајакне сите овие капациети“, изајви Никола Бертолини, делегација на ЕУ во Македонија.

Оваа донација на агенцијата за храна и ветеринарсто е дел од прокетот ИПА 2020.

 

Андријана Атанасовска