Македонскиот полициски синдикат бара социјален дијалог со надлежните и решавање на проблемите

18.05.2017 15:40

Синдикатот бара доследно спроведување на договорот со владата за усогласување на платите на полициските службеници со платите на царинските службеници, финансиската полиција и УЈП.

Македонскиот полициски синдикат бара почнување на социјалниот дијалог со надлежните и решавање на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници. Синдикатот бара доследно спроведување на договорот со владата за усогласување на платите на полициските службеници со платите на царинските службеници, финансиската полиција и УЈП.

„Отпочнувањето на социјалниот дијалог, а со тоа и решавањето на претходно споменатите состојби мора да почне веднаш, со било која влада на РМ, односно со било кој министер на МВР, при што Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен и најголем полициски синдикат во државата ќе биде рамноправен социјален партнер, кој ќе придонесе за успешно надминување на ваквите состојби“, рече претседателот на Синдикатот, Ацо Антовски.

Од Македонскиот полициски синдикат велат дека доколку не бидат решени нивните барања, ќе ги искористат сите законски и синдикални средства.