ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа во вода манипулациите дека нема пари во буџетот

18.05.2017 16:08

Од партијата велат дека земјоделците добија над една милијарда евра субвенции во изминативе 10 години, за разлика од времето на СДС кога земјоделците не добиваа ниту евро помош од државата.

Исплатата на субвенциите за земјоделците само го потврди фактот дека има пари во буџетот за таа намена велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со исполнувањето на законската можност отпочна и исплатата. Од таму велат дека земјоделците добија над една милијарда евра субвенции во изминативе 10 години, за разлика од времето на СДС кога земјоделците не добиваа ниту евро помош од државата.

„Земјоделците добија над една милијарда евра субвенции, додека ВМРО во изминативе 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика, за разлика од времето на СДС кога земјоделците не добиваа ниту евро помош од државата. Со денешната исплата, паднаа во вода манипулациите кои СДС и од нив контролираните медиуми кои ги ширеа дека нема пари во буџетот. Буџетот е ликвиден и пари за земјоделците се обезбедени и согласно динамиката за исплата ќе бидат исплаќани“- изјави Дарко Костовски.