„Матурска парада“ по 11-ти пат

19.05.2017 10:22

Во исто време и на иста музика ќе се танцува и во Струга, Охрид, Струмица и во Гевгелија.

Околу 2 илјади матуранти од Македонија точно напладне ќе учествувааат на 11-та матурска парада. Традиционалната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.

Во исто време и на иста музика ќе се танцува и во Струга, Охрид, Струмица и во Гевгелија.

Квадрил ќе играат и матурантите во стотина европски градови. Ќе испратат порака за ненасилство и толеранција.