СЈО поднесе жалба на одлуката за притворот на Кочан
Вчера судија на предходна постапка одлучи на првоосомничениот во случајот „Труст“ да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од 785 илјади евра.

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан.
Вчера судија на предходна постапка одлучи на првоосомничениот во случајот „Труст“ да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од 785 илјади евра.
Рокот во кој кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа.
Доколку биде потврдена одлуката на судијата на претходна постапка, тогаш таа е конечна.
Сеад Кочан се сомничи дека преку неговата фирма „Трансмет“, а заедно со фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“ со фалсификувани документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.
