Мајкл Дејвидсон на средби во Собранието

19.05.2017 11:11

Во Собранието ќе оствари одвоени средби со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски од СДСМ и со Џеват Адеми од ДУИ

Раководителот за Македонија, Косово и за Албанија во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска, Мајкл Дејвидсон е во работна посета во државава.

Во Собранието ќе оствари одвоени средби со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски од СДСМ и со Џеват Адеми од ДУИ. Тема на разговорите- политичката состојба во Македонија.