Грчкиот парламент усвои нови економски мерки
Нацрт-законот за нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош, беше одобрен од 153 пратеници од владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) и партијата „Независни Грци“.

Грчкиот Парламент усвои нови економски мерки, кои претходно беа договорени од грчката Влада и кредиторите на земјата, во замена за нова транша меѓународна помош.
Нацрт-законот за нови намалувања на пензиите од 2019 година, зголемување на даноците и ограничување на социјалната помош, беше одобрен од 153 пратеници од владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) и партијата „Независни Грци“.
„Против“ гласаа 128 грчки пратеници. За време на гласањето демонстрантите се судрија со полицијата.
