Кривични пријави за уште две лица за нередите во Собранието
За преземените дејствија на двајцата пријавени, обезбедени се видео записи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејствија, а потоа се ослободени, информираат од МВР.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица, едно од Тетово, а другото од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.
За преземените дејствија на двајцата пријавени, обезбедени се видео записи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејствија, а потоа се ослободени, информираат од МВР.
Бил извршен разговор и со две лица, вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во дописот.
СВР Скопје во соработка со Јавното обвинителство и понатаму презема мерки и активности за целосно расчистување на настаните во Собранието од 27-ми април, информираат од МВР.
