Претседателот Иванов во посета на Кралството Јордан

19.05.2017 12:25

Иванов ќе учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман. Шефот на државата ќе оствари билатерална средба со јорданскиот крал Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Претседателот Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан. Ќе учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.

Шефот на државата ќе оствари билатерална средба со јорданскиот крал Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од 50-на држави.

Темите на форумот се  промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.