Средба Заев- Ахмети во седиштето на СДСМ

19.05.2017 12:41

Заев веќе се сретна со лидерот на БЕСА. Социјал- демократите не очекуваат никакви сопки и опструкции од албанскиот блок...

Во седиштето на СДСМ во тек е средба на Заев со Ахмети, по што се очекува викендот состанок на тесното партиско раководство на ДУИ кое ќе ги разгледува сите можносости околу учеството во новата влада.

Заев веќе се сретна со лидерот на БЕСА, Касами кои изјави дека неговата партија нема да учествува во влада во која има луѓе кои се под истрага од СЈО.

Социјал- демократите не очекуваат никакви сопки и опструкции од албанскиот блок партии преку кои го добија мнозинството во парламентот.