ВМРО-ДПМНЕ: Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза
Според ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците, или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ.

Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а можеше уште пред три месеци да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја отфрли платформата и да заврши кризата, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Сега целата одговорност останува кај Заев, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците, или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ.
Зоран Заев со своите чекори и постапки, погазување на Устав и Деловник на Собранието покажа дека единствен мотив му е да ги испорача наредбите од наредбодавачите. Ваквото однесување полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
