Сигет фестивал ќе го декорира Островот на слободата

11.02.2014 16:10

„Дизајнирајте го Островот на слободата, изработете скулптура, инсталација или декорација која ќе биде интересен елемент на овогодишното издание на Сигет фестивал“, стои во повикот на еден од најдобрите музички фестивали во светот. Артистите, во групи и поединечно, може да се пријават за три различни категории оригинални дела, а организаторите одвоија вкупно 80.000 евра за реализација на најдобрите.  Делата ќе бидат изложени како спектакуларни инсталации на отворено за време на самото одржување на фестивалот од 11 до 18 август годинава во Будимпешта.

„Дизајнирајте го Островот на слободата, изработете скулптура, инсталација или декорација која ќе биде интересен елемент на овогодишното издание на Сигет фестивал“, стои во повикот на еден од најдобрите музички фестивали во светот. Артистите, во групи и поединечно, може да се пријават за три различни категории оригинални дела, а организаторите одвоија вкупно 80.000 евра за реализација на најдобрите.  Делата ќе бидат изложени како спектакуларни инсталации на отворено за време на самото одржување на фестивалот од 11 до 18 август годинава во Будимпешта. Декорациите треба да бидат  во духот на фестивалот, по можност да бидат изработени од природни материјали, да привлекуваат внимание, да се отпорни на временски непогоди, и што е најважно – не смеат да бидат физички опасни за посетителите.

Сигет е еден од најголемите мултикултурни настани во Европа. Почна во 1993 година и се подготвува за 22. издание. Со над 50 различни сцени, 200 настапи дневно привлекува околу 400 илјади фанови од над 70 земји, се случува на островот Обудаи, во срцето на Будимпешта, и нуди седумдневна забава со најголемите светски музички имиња.

Музика има за сечиј вкус:  поп-рок, метал, панк, хип-хоп, реге, електроника, денс, фанк, блуз, џез, класика, изворна... Но, нема да има само музика. На Сигет има и театарски претстави, арт перформанси и филмови, изложби, слем поезија, курсеви и работилници, акробати и жонглери, банџи џампинг, спа, турски бањи и масажи, презентација на најразлични граѓански иницијативи и општествени кампањи, зона за логички игри, спортска зона, голем број ресторани со најразлични светски кујни, мали барови и чајџилници  и винска градина.

Фестивалот се пренесува во живо, а го следат над пет милиони гледачи.

Моника Јовановска