Метео: За викендот променливо време, локални врнежи од дожд
19.05.2017 16:05
Од недела следува период на променливо време со локални врнежи од дожд на места поројни со грмежи и засилен ветер од севереозападен правец.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со умерен западен ветер.
Кон крајот на денот можна е појава на локална нестабилност особено во северните делови.
Од недела следува период на променливо време со локални врнежи од дожд на места поројни со грмежи и засилен ветер од севереозападен правец.
Температурите ќе бидат во опаѓање.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
