Формирање на контингент за операциите во Ирак и во Сирија

22.05.2017 13:35

Во завршната декларација на средбата во Саудиска Арабија, на која присуствуваа лидерите на арапските и муслиманските држави, како и претседателот на САД, Доналд Трамп, се поздравува и формирањето на Светски центар за борба со екстремистичката идеологија со седиште во Ријад.

Над 50 држави се согласија да се формира резервен воен контингент од 34.000 војници за поддршка на антитерористички операции во Ирак и во Сирија.

Во завршната декларација на средбата во Саудиска Арабија, на која присуствуваа лидерите на арапските и муслиманските држави, како и претседателот на САД, Доналд Трамп, се поздравува и формирањето на Светски центар за борба со екстремистичката идеологија со седиште во Ријад.

Челниците тврдат дека е неопходна размена на информации за дејствувањето на терористичките  групи, нивните локации и движењето на борците.