Продолжуваат преговорите за нова Влада

22.05.2017 10:18

Засега, единствена средба на лидерско ниво, откако Заев го доби мандатот, беше онаа со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Разговорите со движењето беса се одвиваат на ниво на работни групи, а двете страни велат дека се разговара за принципите за функционирање на новиот кабинет.

Нема нови средби меѓу партиите, кои треба да ја состават идната македонска влада. Вчера продолжија внатре партиските консултации.

Засега, единствена средба на лидерско ниво, откако Заев го доби мандатот, беше онаа со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Разговорите со движењето БЕСА се одвиваат на ниво на работни групи, а двете страни велат дека се разговара за принципите за функционирање на новиот кабинет.

Досега, според официјалните информации, нема преговори околу поделбата на ресорите и конкретните имиња што ќе седнат во фотелјите.

Од СДСМ засега нема најава, кога би се одржала средбата со Алијансата за Албанците, која за денеска најави прес– конференција. По добивањето на мандатот од претседателот Иванов, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека очекува новиот владин тим да биде познат порано од предвидените 20 дена.