Врховниот суд расправа дали прислушуваните разговори се докази
Кон крајот на април врховните судии не донесоа одлука. Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски тие побарале за ова прашање подетално да се проучи практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, па затоа меѓу другите е повикана и поранешната судијка во судот од Македонија, Мирјана Лазарова Трајковска за да даде мислење.

Во Врховниот суд се одржува продолжение на општата седница на која ќе ја разгледува законитоста на „бомбите“, односно можноста прислушуваните разговори да бидат користени како докази.
Кон крајот на април врховните судии не донесоа одлука. Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски тие побарале за ова прашање подетално да се проучи практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, па затоа меѓу другите е повикана и поранешната судијка во судот од Македонија, Мирјана Лазарова Трајковска за да даде мислење.
Од СЈО, пак, тврдеа дека скопскиот Апелациски суд веќе прифатил прислушувани разговори како докази во предметот „Шпион“.
Расправата за „бомбите“ еднаш веќе беше одложена поради боледување на дел од судиите.
