Руски инвеститори во мај во Битола
Амбасадорот на Русија во Република Македонија, Олег Шчербак, ја потвррди информацијата притоа изразувајќи задоволство од соработката на проектот Јужен тек...
„Амбасадорот ме информираше дека во мај доаѓа руска делегација инвеститори кои што потенцијално ќе ги разгледаат сите индустриски зони, сите можности и аспекти. Со сите поволности кои што ги дава Владата и општина Битола, убеден сум дека некој од инвеститорите ќе се заинтересира за Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, при денешното традиционално положување цвеќе кај Рускиот крст во Битола. Со ова беше одбележан денот на руската дипломатија.
Амбасадорот на Русија во Република Македонија, Олег Шчербак, ја потвррди информацијата притоа изразувајќи задоволство од соработката на проектот Јужен тек и системот за гасификација на Македонија, најавувајќи дека овие проекти ќе дадат енергетска стабилност на повеќе години, а исто така и нови работни места.
