Села, Туфегџиќ и Тунтев сведочеа за собраниските настани
22.05.2017 16:59
Според Села, не е спорно дека треба да се чува унитарниот карактер на државата, но тоа не се прави на протести туку внатре во Собранието.

Во Јавното обвинителство продолжи сведочењето на пратеници за собраниските настани од 27-ми април. Зијадин Села изјави дека на тој ден е извршен атентат врз политичките барања на Албанците.
Според него, не е спорно дека треба да се чува унитарниот карактер на државата, но тоа не се прави на протести туку внатре во Собранието.
Ивана Туфегџиќ и Томислав Тунтев од СДСМ апелираа обвинителството да ги преземе сите мерки за казнување на напаѓачите поради тоа што, како што велат, имало намера за убиство на неколку пратеници.
