Груевски: Целта на СЈО е уништување на ВМРО-ДПМНЕ
22.05.2017 17:36
Денешната прес-конференција на СЈО само уште еднаш докажа дека целта на СЈО не е ниту правна разрешница ниту откривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија како политички опоненет на нивната партија, партијата на СЈО-СДСМ, вели Груевски.
Случаите покренати од страна на СЈО значи се темелат на невистини и манипулации и имаат за цел политички прогон за раководството на партијата и мое лично, а со цел да се сврти вниманието на јавноста од актуелните случувања во политиката, изјави Никола Груевски кој денеска изврши увид на новата болница во градба во Штип.
Денешната прес-конференција на СЈО само уште еднаш докажа дека целта на СЈО не е ниту правна разрешница ниту откривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија како политички опоненет на нивната партија, партијата на СЈО-СДСМ. Обид да се разбие ВМРО-ДПМНЕ за да може СДСМ слободно во иднина да ги спроведува политиките за коишто се обврза пред своите партнери во владината коалиција и пред оние коишто ја поддржуваат, рече Груевски.
Според него, втората цел доколку ова не успее, е да се компромитира раководството на ВМРО-ДПМНЕ и негово компоромитирање како нејзин лидер.
Нивната цел е барем да се искомпромитира раководството на чело со мене како претседател на партијата да не претстават дека сме правеле некои незаконски работи.Сето ова е неточно. Денеска беа искажани многу лаги, многу манипулации кои во иднина едно по едно ќе се докажат, рече Груевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ целокупното свое работење досега го заснова на закон и целото нејзино работење и финанисрање го заснова согласно законите.
