Олимпијада

Спринтот за Норвежаните, Дамјановски 78-ми

11.02.2014 16:25

Норвешка ги слави победите во најкусите патеки на скијачкото трчање...

Скандинавска спринтерска луња! Норвешка ги слави победите во најкусите патеки на скијачкото трчање. Машкиот спринт на 1800 метри  заврши триумфално за Ола Виген Хатестад. Норвежанецот супериорно стигна до златниот медал, лесно добивајќи ја завршницата против Швеѓанецот Теодор Петерсон. Околностите му одеа на рака. Трката имаше драматичен и несреќен тек  за четворица финалисти. Најнапред падна Швеѓанецот Хелнер, подоцна на снегот  останаа и Русинот Устјугов,Норцвежанецот Глоерсен и Швеѓанецот Јоенсен во најбрзон се крена за да го освои бронзениот медал.Во квалификациите настапи и Македонецот Дарко Дамјановски. Првиот настап во Сочи го заврши на 78-то место меѓу 86-те пријавени скијачи.

За „Норвешкиот ден“ на  ски-комплексот „Лаура“ во Сочи придонесоа и спринтерките од оваа земја. Марит Бјерген не ја одбрани титулата од Ванкувер пред четири години. Новите норвешки спортски хероини се  Маикен Касперсен Фала со златниот медал и Инквилд Еспберг со сребрениот. Весна Фабијан ја оневозможи целосната скандинавска супериорност, освојувајќи го првиот медал во Сочи за Словенија.

Резултати:спринт

Мажи:

1.Ола Виген Хатестад (Нор) 3:38.39 мин.

2.Теодор Петерсон (Ш) +1.22 сек.

3.Емил Јоенсон (Ш) + 19.74 сек

4.Андерс Глоерсен (Нор) +23.66 сек.

5.Сергеј Устјугов(Рус) +54.09

6.Маркус Хелнер (Ш) +1:45.92 мин.

78.Дарко Дамјановски (Мак)

Жени:

1.Маикен Касперсен Фала (Нор) 2:35.49 мин.

2.Инквилд Еспберг (Нор) +0.38 сек.

3.Весна Фабјан(Сло) +0.40 сек.

4.Астрид Јакобсен (Нор) +1.82 сек.

5.Ида Ингемарсдотир(Ш) +6.55 сек.

6.Софи Колдвел(Сад) + 12.26 сек.