На 25- ти мај почнува Оф- фест
Финални подготовки пред почетокот на 16-тото издание на Оф- фест. Ќе се одржи од 25-ти до 28-ми мај. На репертоарот годинава, девет групи и еден документарен филм. Гостуваат артисти од Босна и Херцеговина, Италија, Португалија, Данска, Кореја...

Босански Севдах, португалско Фадо, музика комбинирана од традиционални песни, танц и звук соединет од различни стилови е дел од репертоар на Скопскиот Оф- фест годинава. Гости од Босна, Италија, Португалија, Кореја ќе се претстават пред македонската публика. За чеитири дена ќе се одржат девет концерти. Љубојна се подготвува за настапот.
Освен музичкиот дел, репертоарот е надополнет и со документарен филм кој ќе биде прикажан во кино „Фросина“. Концертите ќе бидат во Македонскиот народен театар и МКЦ. Првиот човек задолжен за фестивалот Оливер Белопета, е задоволен од годинашната програма.
Од 25-ти до 28-ми мај ќе се одржи 16-тото издание на Оф- фест.
Наташа Јанчиќ
