Дебата за евроатлантскиот процес на Македонија и политичката криза

23.05.2017 08:13

Дебатата „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“ е втората од серијата „Europe Talks” дебати во 2017 година.

Дебата за евроатлантскиот процес на Република Македонија и политичката криза ќе се одржи денеска во организација на здружението Млади европски федералисти и фондацијата Фридрих Еберт.

Дебатата „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“ е втората од серијата „Europe Talks” дебати во 2017 година.

Панелистите, како што најавуваат организаторите, ќе ги аргументираат своите тези преку интерактивна дискусија за тоа до каде  е  Македонија  на  патот  кон ЕУ, притисокот кој го  има  политичката  криза  врз ЕУ интеграцијата, политички настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од ЕУ, влијанието   на   овие   настани   врз   развојот   на   демократското   општество   и прифаќањето на европските вредности, како и посветеноста на европските  претставници на решавањето на кризата.