Ново рочиште за деветeмина обвинети за настаните во Собранието

23.05.2017 10:32

Сите се товарат за делото учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

Во скопскиот Кривичен суд, ново рочиште за деветeмина обвинети за настаните во Собранието. Претходното се одложи поради неприсуство на еден од обвинетите, кој требаше да биде донесен од домашен притвор.

Сите се товарат за делото учество во толпа, што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

За собраниските настани се обвинети 30-тина лица, од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца се во притвор за обид за убиство.

Пред Кривичниот суд протестираат роднините и пријателите на обвинетите кои бараат нивно ослободување.