Ново рочиште за случајот „Тврдина 2“
Претходното се одложи поради отсуство на првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното се одложи поради отсуство на првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Одбраната информираше дека тој не дошол на судењето поради здравствени проблеми. СЈО побара да се проверат медицинските документи.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништувањето документација во врска со системите од незаконското прислушување.
Покрај поранешниот началник, осомничени се уште шестмина вработени во УБК, кои се товарат за незаконско уништување на документација која била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој УБК вршела прислушување.
