Сочувство од претседателот Иванов до Кралицата на Обединетото Кралство по терористичкиот напад во Манчестер

23.05.2017 14:05

Претседателот Иванов нападот во Манчестер го оцени како брутален...

Претседателот Иванов испрати телеграма со сочувство до Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета Втора. Нападот во Манчестер го оцени како брутален.

„Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади, и е солидарна со Обединетото Кралство во борбата против тероризмот. Како никогаш досега ни е потребно заедништво, максимална соработка и решителност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи ги сите цивилизациски придобивки, кои генерациите зад нас истрајно ги создавале“- се вели во телеграмата од Иванов до кралицата Елизабета Втора.