Попоски: Излезот од политичката криза не е во просто менување на мнозинството во Собранието
Решението мора да се бара во дефинирањето на правилата на игра, не загрозување на тоа што мнозинството граѓани го чувствуваат како витален национален интерес и најскора проверка на правецот, преку избори, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА...

Излезот од политичката криза сигурно не е во просто менување на мнозинството во Собранието. Решението мора да се бара во дефинирањето на правилата на игра, не загрозување на тоа што мнозинството граѓани го чувствуваат како витален национален интерес и најскора проверка на правецот, преку избори, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА.
Локалните се прв извесен тест за тоа, а ако сме сите сигурни во исправноста на сопствените политики, можеби ќе има можност и за парламентарен тест, смета шефот на дипломатијата.
