МВР продолжува со расветлување на собраниските настани
23.05.2017 15:07
Во полиција биле повикани 28-годишник од Виница и тројца скопјани. Тие се ослободени, но ќе има соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со расветлување на собраниските настани од 27-ми април и со идентификација на сите учесници.
Во полиција биле повикани 28-годишник од Виница и тројца скопјани. Тие се ослободени, но ќе има соодветни поднесоци.
Во домот на уште еден скопјанец бил извршен претрес, но не се пронајдени предмети со кои е извршено или потекнуваат од кривично дело. И против него, во соработка со јавен обвинител, ќе има поднесок.
