Разговори на сите нивоа за составот на новата Влада
Од СДСМ велат- меѓу партиските разговори продолжуваат на сите нивоа...

Заокружувањето на принципите и начинот на функционирање на новата влада, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу персоналниот состав- велат од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија. Партискиот портпарол тврди дека меѓу партиските разговори продолжуваат на сите нивоа.
Заев, по средбите со претседателите на албанскиот блок рече дека партиите се подготвени да разговараат за распределба на ресорите, но дека е потребно со нив да раководат квалитетни кадри.
Посакува во Владата да партиципираат сите кои му ја дале поддршката за парламентарно мнозинство, иако позициите на БЕСА и Алијансата на Албанците барем засега не се откриваат.
Соопштенијата од албанскиот кампус партии се безмалку идентични- Алијансата и ДУИ потенцираат дека се за реформска влада во која ќе се почитуваат принципот на владеење на правото, политичката и економската еднаквост, како и брза интеграција на земјата во евроатлантските структури.
Лидерот на БЕСА и покрај разговорите сѐ уште размислува дали неговата партија ќе партиципира во новата Влада.
Миле Ристески
