Студентски фестивал за сесловенските просветители
Целта е да се поттикнат младите да творат бидејќи во себе кријат огромен творечки потенцијал кој останал на маргините, вели професорката по македонски јазик на Педагошкиот факултет, Бандиловска.
26 творби собрани во литературен алманах „На крилата на зборот“. Песни и раскази на различни теми. Студентите, творечкиот потенцијал кој го пренесоа на хартија.
Покрај сегашните и веќе дипломираните студенти од Педагошкиот факултет, учествуваа и нивни колеги од земјава.
Целта е да се поттикнат младите да творат бидејќи во себе кријат огромен творечки потенцијал кој останал на маргините, вели професорката по македонски јазик на Педагошкиот факултет, Бандиловска.
Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ со Првиот поетски студентски фестивал, го одбележа 24-ти мај, денот на сесловенските просветители и патрониот празник на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
За во иднина се планира овој фестивал да стане меѓународен и да се востановат награди за најдобрите творби.
Ана Јосифоска- Тодоровска
