Коцијанчич: Заев доаѓа во Брисел како „определен за премиер“
Во однос на тоа кој ќе учествува од БЈР Македонија на оваа вечера, потврдуваме дека Зоран Заев доаѓа како „определен за премиер“, рече Коцијанчич.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за МИА потврди дека мандатарот за составување влада и претседател на СДСМ, Зоран Заев е поканет да ја претставува Македонија на утрешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини во Брисел.
Во однос на тоа кој ќе учествува од БЈР Македонија на оваа вечера, потврдуваме дека Зоран Заев доаѓа како „определен за премиер“, рече Коцијанчич.
Покрај премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ Босна и Херцеговина, Зоран Заев ќе ја претставува Република Македонија на утрешната неформална вечера.
