Трамп во дводневна посета на Брисел

24.05.2017 10:09

Претседателот на САД се очекува да слета во Брисел денеска претпладне, при што најпрво ќе се сретне со кралот на Белгија Филип, а предвиден е и разговор со белгискиот премиер Шарл Мишел.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигнува денеска во дводневна посета на Брисел, каде ќе се сретне со претставници на НАТО и на Европската унија, како и со претставици на белгиските власти. Се очекува тој во Брисел да остане околу 27 часа.

Претседателот на САД се очекува да слета во Брисел денеска претпладне, при што најпрво ќе се сретне со кралот на Белгија Филип, а предвиден е и разговор со белгискиот премиер Шарл Мишел.

Трамп утре попладне ќе биде примен од претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Донлад Туск и Жан Клод Јункер.

Програмата предвидува Трамп да се состане и со новиот француски претседател Еманел Макрон во Брисел на место, кое засега останува непознато.

Трамп утре попладне ќе учестува на состанок со државни и владини шефови на земјите од НАТО во новото седиште на Алијансата, а утре вечер ќе отпатува за Сицилија.