Могерини на средба со премиерите од Западен Балкан

24.05.2017 10:38

Мандатарот за составување Влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е поканет да ја претставува Македонија на неформалната вечера. Заев најпрво ќе има билатерална средба со Могерини, а потоа заедничката вечера со премиерите од регионот.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска ќе оствари средба со премиерите на државите од Западен Балкан.

Мандатарот за составување Влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е поканет да ја претставува Македонија на неформалната вечера. Заев најпрво ќе има билатерална средба со Могерини, а потоа заедничката вечера со премиерите од регионот.

На денешната средба во Брисел ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ од Босна и Херцеговина.